2 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Жител на тетовско Глоѓи го изгуби животот при превртување на трактор

264

Жител на тетовското село Глоѓи вчера го изгубил животот откако се превртел со тракторот кој го управувал. Несреќата се случила на локалниот пат од Глоѓи кон Јелошник во месноста Црвеница.

– Вчера во 13 часот и 30 минути во Полициското одделение Теарце било пријавено дека на локалниот пат Јелошник-Глоѓи, во месноста „Црвеница” атар на селото Глоѓи, Љ.С.(53) од Глоѓи, управувајќи трактор „ИМТ 539″ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел. Љ.С. починал на самото место, соопшти СВР Тетово.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.