Жители на Арачиново фатени со марихуана

Синоќа околу 22 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во с. Брњарци ги лишиле од слобода Б.Б. (19) и Е.Б. (24), двајцата од с. Арачиново, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така синоќа, полициски службеници од СВР Скопје, на бул. „Партизански одреди“ го привеле Б.Ѓ. (23) од Битола, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчеравечер околу 20 часот во Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Цветан Димов“ го привеле Е.Љ. (19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.