Жителите на Кочани пак протестираа против загадувањето, највија тужба против „Пејпер мил“

Со тужба против компанијата „Пејпер мил“, жителите на Кочани ќе се борат против загадувањето. Денес повторно излегоа на протест и еден час го блокираа влезот во фабриката за која велат дека интензивно ги труе, посебно последнава година.

Се жалат на инертност на институциите кои дозволуваат фабричкиот оџак и понатаму да загадува. Разочачарани се затоа што се игнорираат нивните барања за јавна достапност на податоците од загадувањето на фабриката.

Собраните граѓани се пожалија дека загадувањето влијае на здравјето, особено кај децата од кои голем дел завршиле на Клиниката за белодробни заболувања. Се сомневаат дека инсекторатот не си ја врши добро работата, а фабриката најинтензивно загадува во текот на вечерните часови и за време на викенди. Како доказ поседуваат и фотографии.

Од протестот беше упатена порака до сите загадувачи во Кочани да преземат мерки, за да не добијат тужби и слични протести. Инаку, претходно по налог на Министерството за животна средина, Фабриката за хартија постави филтри што требаше да го намалат нивото на штетни гасови во воздухот, но според активистите тоа не доволно бидејќи фабриката се уште загадува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.