6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Жителите на Луково го блокираа патот Струга-Дебар: Настрадало едно лице во сообраќајка… (ФОТО)

Жителте на струшко Луково денеска попладнево еден час го блокираа патниот правец Струга-Дебар, а причината за тоа е тешка сообраќајна несреќа која што се случила во саботата во која едно лице од истото село се бори за живот.

На 14.08.2021 година во саботата се случи сообраќајна несреќа во село Луково струшко, при што тешко беше повреден и се бори за живот жител на селото, пред 4-5 години исто така беше прегазен човек кој што почина на лице место, заради овие две несреќни случки денескаго блокираме регионалниот пат Струга-Дебар во врметраење од еден час, целта на протестот е да испратиме порака до надлежните за да се постави соодветна патна сигнализација, пешачки премин, како и успорувачи на брзината, велат од учесниците на протестот.

Протестот започна од 17:30 и блокадата на овој регионален праец траеше до 18:30 часот.