Жителите на Подгорци ќе протестираат во одбрана на македонскиот јазик

Жителите на струшкото село Подгорци најавија масовни протести за одбрана на македонскиот јазик. Според информациите на организаторот, целта е да се крене гласот и на оваа група сограѓани против најновите обиди за асимилација на уште еден атрибут на државата.

Подгорци е едно од најголемите македонски села, населено претежно со Македонци со исламска вероисповед кои, ете, уште еднаш потврдија дека се достојни бранители на македонската кауза.

Според најавите, се очекуваат слични манифестации на граѓански револт и во останатите краишта каде живеат Македонците муслимани, а особено во дебарскиот крај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.