Жителите на Вухан во редици на дожд чекаа тестирање на Covid-19

Упорните жители на кинескиот град Вухан стоеја подолго од еден час во редици на дожд за да се тестираат на коронавирусот одѕивајќи се на владината кампања за тестирње на сите 11 милиони жители на градот, за која здравствените стручњаци тврдат дека е без преседан.

Иако Вухан минатиот месец излезе од карантинот кој траеше 76 дена, се стравува од можните асомптоматски случаи, лицата кои не покажуваат симптоми но мора да го шират вирусот.

Во квартот Киоаку во Вухан, во којашто живеат околу 10.000 луѓе, мажи, жени и деца стаеја во редови под чадори, а постарите седеа на солчиња додека на четирите поставени локации чекаа тестирања.

Властите објавија дека имаат намера да ги тестираат сите речиси 11 милиони жители, но приоритети се оние кои работат во образованието, здравството, во сообраќајниот сектор и продавниците, како и владините функционери и граѓаните кои се враќаат од странство или мора да го напуштаат Вухан поради работа.

Иако извесно време немаше нови случаи, се чини дека во Вухан и натаму има асимптоматски пациенти. Секој ден се откриваат по неколку вакви случаи, а некои стравуваат дека ќе се заразат додека чекаат во редовите за тестирање.

На локациите за тестирање се поставени две маси. На првата волонтер ги проверува личните документи, а на втората две медицински сестри со визири, ракавици и во заштитни одела зимаат брисеви од грлото.

Вухан засега дневно има капацитети да тестира 100.000 луѓе, а за да се постигне својата цел за тестирање на сите 11 милиони жители во рамките на 10 дена, дневно ќе биде потребно да се тестираат 730.000, објави весникот Health News кој е поврзан со Националната комисија за здравство на Кина.

„Не сум сигурен дека нешто со слични димензии некогаш се случувало при претходните пандемии. Тоа ја покажува загриженоста поради појавата на новите зарази“, вели Лоренс Јанг, професор на молекуларна онкологија на Универзитетот Ворвик.

Досега се тестирани повеќе од 1,66 милиони луѓе, проценува агенцијата Reuters врз основа на извештајот на здравствените власти во Вухан.