(ВИДЕО) Животите ги загубија врвот на хеликоптерската единица и најдобриот персонал на МВР

Драги Мицев, роден 1969 во Стумица, началник- пилот на хеликоптерската единица, со работен стаж од 34 години, Марјан Трајковиќ роден 1967 во Куманово, пилот капетан со работен стаж од 37 години, Тоде Орешков, роден 1970 во Рожден Кавадарци, воздухопловен инстпектор за лиценцирање на воздухопловен персонал, пилот со работен стаж од 36 години и Иљо Лопатички роден 1968 во Битола, командир пилот со работен стаж од 36 години, загинаа во синоќешната хеликоптеска несреќа.

Министерката за внатрешни работи, Горадана Јануловска со солзи во очите сооопшти дека Драги, Марјан, Тоде и Иљо беа врвот на хеликоптерсаката единица и најдобриот персонал кој МВР го имаше. Беа искусни и со безброј часови лет  во различни услови и во различни акции.

„Загубивме четворица наши искусни колеги кои со своето знаење, дух и професионализам оставија длабок печат врз нас и врз работењето на Министерството. Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните,“ изјави Јанкулоска.

Според првичните информации, за време на ноќниот тренажен лет, хеликоптерот со кој управувале удрил во антенскиот столб на МРТ, висок 120 метри. Станува збор за хеликоптер МИ 17 V5, со регистарски ознаки MAP 7712 во сопственост на МВР.

Хеликоптерот летал на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно. Истиот е редовно сервисиран и во текот на летот во кој е користена опрема за ноќна визуелизација не се пожалиле на проблеми.

„Веднаш по несреќата се преземени мерки за обезбедување на местото и од страна на МВР е формирана Комисија за спроведување на истрага за несреќата на полицискиот хеликоптер составена од експерти од различни области со цел утврдување на причините за истата и информиран е Основен јавен обвинитеч од Струмица кој го спроведува истиот,“ информираше Јанкулоска.

Во моментот се уште е во тек обезбедување на траги од лице место врз основа на кои со криминалистичко техничко вештачење и обезбедување на соодветни докази, ќе се разјаснат причините поради кои настанала трагедијата.

При увидот на лице место, досега се пронајдени двете црни кутии и уредот за покажување на правецот на летот кои ќе бидат подложени на понатамошна експертиза и вештачење.