Жоао Феликс до крајот на сезоната во Челзи

Репрезентативниот напаѓач на Португалија, 23-годишниот Жоао Феликс ќе го мине остатокот од оваа сезона како позајмен играч од Атлетико Мадрид во Челзи, објавија во средата шпанската и англиската Премиер лига.

Жоао Феликс во Атлетико пристигна од Бенфика летото 2019 година за дури 126 милиони евра. Во 2019 година беше прогласен за најдобар млад играч во Европа, но во текот на три ипол сезони во Мадрид не ги оправда очекувањата, постигнувајќи само 34 погодоци на 131 натпревар, иако навивачите на Атлетико го изгласаа за најдобар играч на клубот минатата сезона.

„Челзи е еден од најголемите клубови во светот и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги постигне своите цели“, изјави Жоао Феликс.

Челзи, кој моментално е само на 10-то место на табелата во Премиер лигата, му плати 10 милиони евра на Атлетико за полугодишната позајмица на Жоао Феликс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.