Жоао Педро од Вотфорд во Брајтон

Бразилскиот напаѓач Жоао Педро на крајот од сезоната го напушта Вотфорд и кариерата ќе ја продолжи во Брајтон.

Дваесето иедно годишниот Педро потпиша петгодишен договор за Брајтон, а според англиските медиуми, Вотфорд ќе добие 38 милиони долари, што е рекордно обештетување досега платено од тимот од стадионот „Гтех Комјунити“

„Жоао беше наша долгорочна цел и, исто така, привлече голем интерес од цела Европа“, изјави техничкиот директор на Брајтон, Дејвид Веир.

„Тој е брилијантен млад талент, технички многу добар, брз и со око за гол. Тој одлично ќе ја надополни нашата постоечка навална линија“, додаде тој.

Педро пристигна во Ватфорд во 2020 година од Флуминенсе и постигна 24 гола на 80 натпревари.

Брајтон моментално е шести на табелата и е на прагот да се пласира во еден од европските купови, првпат во својата историја.