Жугиќ му одговори на Шилегов: Со едната рака сте на градите, а со другата во џебот на народот и го крадете!

Актераката Јелена Жугиќ му одговори на скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој на Фејсбук се прокламираше како доследен „левичар“ и дека тие се добрите, а оние другите – „десничарите“ се лоши и дека не ги бидува за ништо.

„Посланието на Петре Шилегов-искривени квалификации за левичарство и десничарство, под превезот на „хуманост и ренесанса” голем гнев и омраза!, вели во почетокот на одговорот на својот фејсбук профил Јелена Жугиќ и го тагира
Петре Шилегов.
„Десничарите на народот му донесоа држава која вие денес ја губите, чекор по чекор, на рати и при тоа убедувајќи не дека блескаме. Искрено би била дури и среќна да бевте левичари, оти левичарите по идеологија се грижат за народот, за социјалниот статус на работниците, ама вие сте дааалеку од тоа. Затоа што со едната рака сте на градите и се колнете во чесност, во семејство, во најмило, а со другата сте во џебот на народот! Вие воопшто не сте левичари, вие само ја измисливте и воведовте „црвената буржоазија” во Македонија, вие сте „недопирливите привилегирани чеда”, чија основна смисла на постоење и дејност во овие моменти, на вашето раководство е крадењето, лажењето и распродавањето. Оттука не ми е јасно кому всушност вие се прикажувате како левичари, социјалисти, прогресивци и хуманисти. Вистинските социјалисти за разлика од вас се чесни луѓе кои се грижат за својот народ. Вие
Петре сте СЕ само не левичари!“, нагласува Жугиќ во својот статус и додава:
„Може и збор два за твојата улогата во време на корона кризава. Додека се сликаше кај шаторите во државна болница кои ви ги бутна првиот снег (патем донација од време на претходната влада на ВМРО ДПМНЕ) не заборави во 4 очи да направиш тендер во Дрисла, каде директорот- братучед на сопругата на генералниот секретар дели тендер на братучедот на генералниот секретар. Од едниот џеб во другиот. 12 милиони денари, за вас ситно, бидејќи вие имате и поголеми аванти, и тоа во исто време кога на пример им „виткате рака” на директорите на училишта да се откажат од платите, ги ставате на минималец затоа што претседателот на партијата така посакал. Народот за кој вие онака левичарски, социјалистички се грижите, го доведувате до раб на егзистенција, додека за вас не може а да нема дури ни во криза, апетсани, морски плодови и скапи кафиња. За вашата „хуманост” можам на долго и широко да зборувам, но беспредметно е да се прави морална гимнастика со неморални луѓе!
И секогаш кога ќе ве фати некоја апстиненцијална криза -интелектуална на пример, ти Петре се закануваш со рушење, -талибанската метода е далеку од левичарска. Сите овие години, вашето не работење сакаш да го лагитимираш со квази идеолошки расправи. Но, едното не го супституира другото. И не знам што е полошо, што не знаеш што подразбира левичарската идеологија или што дрско не навредуваш со полноќни беседи!“
П.С еден добронамерен, хуман совет, ако сакаш да си ја мачиш душата со полноќни беседи слободно продолжи, но престани да ги мачиш скопјани и поднеси оставка!

https://www.facebook.com/100006438224726/posts/3229613487263227/?d=n

„Срдечен поздрав од десничарка која ги сака, почитува и негува вредностите на својата држава, народ, култура, традиција“, порачува Жугиќ.