Жугиќ: Шилегов лаже за Универзална, ако уште не одлучил да руши, зошто троши 11.000 евра за идејно решение на парк?!

„Овој објект ќе остане како траен симбол на меѓународната човечка солидарност во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година”, ова е дел од натписот кој стои на влезот на Универзалната сала, објект кој требаше да биде безвременски, но Петре Шилегов реши да го руши за бизнис интереси на поединци, изјави денеска Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, ова е извадок од веб страната на Бирото за јавни набавки. Овде се гледа дека градот распишал повик за идејно решение за уредување на просторот на местото каде е што сега  салата, со парк и летна сцена. За оваа намена Шилегов планира да даде 6000 евра за најдоброто решение, 3000 евра за второ рангираното и 2000 евра за трето рангираното, со што вкупно ќе се потрошат 11000 евра од градската каса. Доколку како што и самиот вели сеуште не одлучил дали ќе ја руши салата, тогаш зошто градот однапред троши 11000 евра? Очигледно во градската каса има премногу пари па Шилегов ги фрла за идејни решенија за кои постои голема можност на крајот тие да завршат во некоја фиока?!

Или пак 11.000 евра не се ништо кога станува збор за овозможување на бизнис интереси и потребата да никнат над 50 нови згради на местото на поранешната фабрика „Треска“?! А зошто на пример на местото на Треска не никне парк со убава летна сцена, а концертната сала да си остане на својата постоечка локација?!?

Кога сме кај парите врзани за Универзална сала, Шилегов треба да одговори и каде се 30 милиони денари, кои во 2019та градот Скопје ги доби од владата за реконструкција на салата. Дали и на што се потрошени тие наменски префрлени пари?

Шилегов и СДСМ немаат основа за правдање. СДСМ и Шилегов се три години на власт во Република Македонија и во град Скопје. Самиот чин што до сега не делувале и не преземале никаква активност за Универзална сала е доказ дека години наназад ги лажат скопјани!

Шилегов не смее повеќе да ги манипулира граѓаните и треба веднаш да се откаже од идејата за рушење и да отпочне со реконструкција. Во таа насока предлагаме да се искористи проектот за реконструкција на салата оставен од ВМРО-ДПМНЕ, а со кој ќе се постигнат следниве цели:

-Ќе се подржи мислењето на граѓаните за реконструкција, а не за рушење;

-Ќе се заштедат средства за нови конкурси и идејни решенија;

-Ќе се сочува споменот на хуманост и солидарност на постземјотресно Скопје.

Градоначалник Шилегов, надминете ја сопствената суета и послушајте ги граѓаните! Надминете го личниот порив за деструкција и вдахнете живот во веќе постоечкиот објектот. Ќе се изненадите колкава радост носи чинот на создавање и градење !

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.