Жугиќ: “Врапчињата одамна ми шепкаат” за праксата на СДС да поставува директори во културата кои не ги исполнуваат законските нормативи

Дали е ова преседан во избор на “погрешен”трет ешалон, директор на културна институција од страна на сдс?!?!
“Врапчињата одамна ми шепкаат” за праксата на сдс да поставува кадри на директорски позиции во културата кои не ги исполнуваат законските нормативи- работно искуство/стаж; немање потребни 240 кредити од завршено високо образование, сомнителни трансфери, непотизам во раководните функции…долг е списокот. Патем има барем еден театар кој веќе четри мандати по ред го води директор од ВД позиција и нема никаков абер за конкурс и за легитимен избор на таа функција- да потсетам вд позицијата е времена до транспарентен конкурс за избор на директор.
Со сигурност знам и дека владеачката структура за овие 3,5 год од културата и од Националните Културни Институции како носители на истата, направи црна дупка, од која многу ретко има проблесоци. Впрочем што може и да се очекува од сдс како стратегија за развој и концепт во културата кога таа за ова кусо време смени дури тројца министри за култура и тоа само по себе говори за нивната кадарност во поставувањето на кадровски решенија во културата.
-во мојот матичен театар Драмски, за 3,5 год сдс смени тројца директори… ротации, семејни пријателски акробации во поставување на директор имаше и во вториот мој матичен театар, Театар Комедија……… …………………
………………………………и што уште не!
Го поздравувам единството на струмичките колеги, да истапат и јавно да проговорат за “погрешниот” избор на директор и да се заложат за според нив “правиот”.