Зибери: Вакцините за грип ги враќавме лани, сега интересот ќе биде поголем

Здравствените власти рлани вратиле вакцини за сезонски грип кои останале неискористени оти немало интерес, рече пратеникот Aрбен Зибери поранешен директор на Здравствен дом., Тој во емисијата Клик плус на ТВ 21 рече дека тоа нема да е случај годинава.

„Лани беше различно. Сите пензионери беа опфатени со таа вакцина за сезонски грип, кои имаа хронични болести. Минатата година имаше клаузула кој исполнува, а кој не и се сеќавам дури ги вративме вакцините затоа што немаше интерес, што сметам дека нема да биде случај оваа година“, рече Зибери.

Епиемиологот д-р Никола Пановски рече дека вакцината од грип минатата била успешна затоа што како што било известено го погодила во 40 отсто вирусот..