Зидан донел конечна одлука за Лука Јовиќ

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Зинедин Зидан донел конечна одлука околу Лука Јовиќ.

Српскиот напаѓач дојде како големо засилување од Ајнтрахт Франкфурт, но воопшто не се неаметна кај Зидан, па сега многу веројатно ќе замина на позајмица во јануарскиот преоден рок.

Тоа го пишува „Дон Балон“ кој пренесува дека францускиот стратег донел одлука да го прати Јовиќ на позајмица по која би стекнал драгоцено искуство во пресрет на новата сезона.

Јовиќ пристигна на „Бернабеу“ за сума од 60 милиони евра, меѓутоа не се снајде најдобро, па сега минутажа ќе бара во друг клуб.