Зидан им потврдил на играчите дека заминува од Реал

Главниот тренер на мадридски Реал, Зинедин Зидан, ги информирал играчите дека ќе ја напушти позицијата по завршувањето на оваа сезона, пренесува порталот Goal.

Поранешниот француски репрезентатативец и ѕвезда на „Кралевите“ во 2019 година беше назначен по вторпат за главен тренер, откако претходно го водеше Реал од 2016 до 2018 година.

Под негово водство Реал трипати ја освојуваше Лигата на шампионите, двапати стана шампион на Шпанија, поставувајќи клупски рекорд од 40 натпревари без пораз во низа.