Зимата уште не започната, а Скопје е загаденo над нормалата

Зимата уште не започната, а Скопје и неколку градови низ Македонија се загадени нормалата, покажуваат мерните станици за квалитетот на воздухот. Граѓаните се жалат што уште во октомври мора да ги извадат маските и да ги затворат прозорците.

Утрово со велосипедот патував од Влае до Центар, грлото и главата ме болат се уште. Градот смрди – се жали читател за „Република“.

Вчера вечер најзагадено беше кај Ректоратот каде ПМ 10 честичките достигаат близу 200 микрограми на метар кубен, следат Битола и Карпош каде загадениот воздух варира на околу 160 микрограми, па Миладиновци, Кочани, Бутел. За потсетување, горната дозволена граница е 50 микрограми.

Од граѓанските здруженија се жалат дека голем дел од мерните станици не работеле, оттаму се правдале дека наводно на често се сервисирале.