Зимска маска за нега на лицето

Во зимските месеци кожата на лицето е изложена на штетното влијание на студот, за разлика од останатите делови на телото, кои се заштитени со топлата облека.

За оваа маска ви се потребни:

  • 1 мала лажичка јогурт
  • 2 лажички мед
  • 3-4 капки зелен чај

Состојките се машаат добро и се нанесуваат на веќе исчистена кожа на лицето. Ако смесата е ретка, може да додадете малку овес или бела козметичка глина.

Имајте во предвид дека последните состојки се погодни за сува кожа, додека оригиналниот рецепт може да се примени за секаков тип на кожа.

Оставете маската да делува околу 15 минути, а потоа исплакнете го лицето прво со топла, а после со ладна вода. Препорачливо е процедурата да се повтори 3 пати неделно во првиот месец, по што може да се употребува 1-2 пати неделно, за да има ефект.

Со овој лесен рецепт ќе успеете да ја затегнете кожата на лицето и вратот и истовремено ќе ја потхраните во текот на студените месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.