Зимската служба на Град Скопје интервенираше со 450 тони фрлена сол

Во текот на изминатата ноќ и утрово, екипите на Зимската служба на Градот Скопје активно работеа на расчистување на снегот од градските улици и булевари, како и тротоарите, до сите критични точки и пристапи до витални објекти.

Точно во 1 часот по полноќ со сите расположливи возила се интервенираше со фрлање на 450 тони сол на сите места каде што екипите утврдија потреба.

Зимската служба на Градот Скопје и екипите од ЈП Улици и Патишта будно ја следат состојбата и интервенираат според состојбата на улиците и булеварите, но и по барање на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.