Ѕинго со поддршка за Силјановска: Само со право и правда се оди напред

Поддршка од Љубислав Иванов Ѕинго, Претседател на Социјалистичка партија на Македонија, за кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

СПМ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА Затоа што верувте во правото и го почитувате.
Затоа што без право нема политички и економски развој.
Затоа што правдата и праведноста се основа на демократијата.
Затоа што само со право и правда се оди напред.
Затоа што Македонија заслужува право и правда.
Затоа што сакаме крај на неправдите.
Затоа што сакаме да се врати достоинство.
Затоа што сакаме правда во Македонија.
Затоа што сакаме правда за Македонија.
Затоа што сакаме еднакви и рамноправни граѓани.
Затоа што бескрајно ја сакаме Македонија.
Затоа што Татковината повикува.
Затоа што 5-ти Мај е денот на одлуката за иднината на Македонија.
Затоа Социјалистичката партија на Македонија ве повикува да гласате за Гордана Силјановска Давкова за Претседател.
На 5-ти Мај гласај за Македонија, стои во поддршката на СПМ за Гордана Силјановска Давкова.