Жирона го исфрли Атлетико, Севилја и покрај поразот во четвртфиналето на Копа дел Реј

Фудбалерите на Севилја изборија пласман во четвртфиналето од шпанскиот Куп на кралот и покрај домашниот пораз од Атлетик Билбао од 0:1, а Жирона првпат во својата историја избори пласман во четврфиналето на ова натпреварување откако изненадувачки го елиминираше Атлетико Мадрид.

Жирона испиша нова страница во клупската историја, и тоа во голем стил. Откако првиот дуел заврши 1:1, Жирона во реваншот во Мадрид одигра 3:3 и поради повеќе голови постигнати на гостински терен мина натаму. Досега најголем успех на Жирона во Купот беше пласманот во 16-финалето, уште во 1936 година.

Ова беше одличен меч, полн со пресврти. Атлетико водеше со 1:0 и со 3:2, додека гостите имаа водство од 2:1. На крајот Жирона успеа да оди во следното коло израмнувајќи во 88 минута.

Победата на гостите од Баскија им ја донесе Горка Гурузета во 77 минута од реванш натпреварот. Во првиот дуел од осминафиналето во Билбао, Севилја на гостувањето победи со 3:1, па и покрај поразот оди натаму.

Пред Севилја пласман меѓу осумте најдобри екипи во годинешното издание на шпанскиот национален куп изборија и Валенсија и Хетафе. Во четврток играат Реал Сосиедад – Бетис (0:0), Еспањол – Вилјареал (2:2) и Барселона – Леганес (1:2)