Жител на гостиварско Ѓурѓевиште под кревет чувал три пиштоли

Од СВР Тетово информираат дека, вчера попладне, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на С.И. (20) во Ѓурѓевиште.

При претресот, реализиран со судска наредба, под кревет оставени во кутија пронајдени се три пиштоли, пд лпо „В.Бернандели гардоне“ со калибар 7,65 милиметри и рамка со 7 куршуми, „Екол дикле“ со рамка без куршуми и „Екол“ калибар 8 милиметри, исто така, со рамка без куршуми со футрола, изјави Марјан Јосифоски портпаролна СВР Тетово.

Јосифоски, нагласува дека трите пиштоли, С.И. ги поседувал без довола, поради што се со потврда му се одземени и ќе се вештачат. Тој е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Денес се очекува да биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.