Жител на Камењане уценувал соселанка со која порано бил во љубовна врска

Против четириесет и шестгодишен жител на тетовското село Камењане, СВР Тетово поднесе кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Како што соопшти МВР, во текот на септември и октомври 2018 година пријавениот на жена од село Камењане, тетовско, со која претходно бил во љубовна врска, во повеќе наврати и се заканувал дека доколку не ја продолжи љубовната врска, на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии и видео записи со непристојна содржина.