Златен лав за „Рома“ на Мексиканецот Куарон

90

Црно-белата драма „Рома“ на режисерот Алфонсо Куарон, еден вид сеќавање на неговото детство во Мексико Сити во раните 70-ти години, доби Златен лав на 75. издание на Венецискиот филмски фестивал, кој завршува вечерва.

Мексиканската семејна драма уште на почетокот на фестивалот важеше за фаворит, а критиката го оцени како најинтимно дело на Куарон. Филмот е за двајца работници, кои безуморно се грижат за малото семејство во населба со средна класа.

Оваа награда и овој фестивал се неверојатно значајни за мене, изјави Куарон на доделувањето.

Неговиот последен филм „Гравитација“ се прикажа надвор од официјална програма во Венеција во 2013 година и потоа освои седум Оскари.

Гран при од жирито доби британскиот филм „Фаворитот“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос, а пак Жак Одијар е најдобар режисер за филмот „Сестрински браќа“. Оливија Колман е најдобра актерка, за улогата во филмот „Фаворитот“, а Вилем Дефо најдобар актер за ликот во „Пред портата на вечноста“.

Режисерот Гилјермо дел Торо беше претседател на жирито, во кое беа членовите: Силвија Чанг, Трине Дурлом, Никол Гарсија, Паоло Џеновезе, Малгоржата Шумовска, Таика Ваитити, Кристоф Валц и Наоми Вотс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.