Златев: Јас не издадов државна тајна, туку злоупотреба на тајните служби

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одложи рочиштето во
судскиот процес кој Обвинителството го покрена против новинарот и уредник на
порталот „лидер.мк“, Љупчо Златев, за наводно оддавање на државна  тајна.

Причина за одложувањето е барањето на увид во предметот од страна на неговиот адвокат Драган Пешевски. Следното рочиште е закажано за 23 ноември.

„Верувам дека судот ќе се одважи и ке го отфри обвинението, бидејќу самото обвинение содржи барање за цензура на слободата на изразување. Јас не оддадов службена тајна, јас оддадов државен интерес. Напишав текст поткрепен со докази во кој јасно се гледаше како се селктираат кадри во УБК, односно во идната Агенција за национална безбедност. Верувам дека судот ќе покаже прозападни вредности, продемократски и послободни вредности и ќе добијам ослободителна пресуда, затоа што јас не издадов државна тајна, туку издадов злоупотреба на тајните служби, изјави Златев.