Златев: Во „Глобал“ во Струмица не бил вграден противпожарен систем

Во трговскиот центар Глобал во Струмица не бил вграден противпожарен систем, пишува на Фејсбук новинарот Љупчо Златев од Лидер.мк.

„Парите наменети за овој систем, инвеститорите си ги ставиле во џеб.

13 години подоцна, резултатот е опожарен објект и десетици семејства со уништени бизниси“, истакнува Златев и додава:

„Да бевме нормална држава, уште денес инвеститорите ќе беа во затвор, а во затвор ќе беа и општинските инспектори кои потпишале употребна дозвола за објектот.
За жал, пожар не може да се аболицира со политичка одлука како што може да се аболицира криминал, па штетите остануваат“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.