„Златна бубамара“ на 12 мај во aрената „Борис Трајковски“

62

Најпопуларната и најочекуваната манифестација „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“, по две години повторно се враќа во живо во СЦ „Борис Трајковски“ под слоганот „ДА ЖИВНЕМЕ!“

Најбараната информација во овој момент е кога ќе започне продажбата на билети за големиот музичко-културен настан, кој се одржува на 12 мај.

Од Штабот на „Златна бубамара“ најавуваат дека билетите ќе бидат пуштени во продажба во петок, на 29 април, точно напладне, во 12 часот преку он-лајн продажба на www.karti.com.mk и во Цвеќара Розе – во „Веро 2“.

„Дојдете да живнеме. Почитувани љубители на добра забава, нормални цени и евтина тарифа на струја, цените скокнаа, платите останаа исти, само Златна Бубамара ви порачува – Дојдете да живнеме!!! По сѐ што поминавме, конечно доаѓаат и убави времиња – да се развеселиме, да запаееме и да се насмееме – (сега) конечно можеме да живнеме! Доаѓа настанот што го чекаме две години. 25. јубилејно издание на „Златна Бубамара на попларноста“. На 12 мај во арената „Борис Трајковски“. Дојдоа и такви убави времиња кога полесно се доаѓа до две карти за Златна бубамара отколку до две шишиња зејтин. Наместо да кивнеме, време е да живнеме“, соопштија организаторите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.