„Златна бубамара на популарноста“ по 19-ти пат

„Златна бубамара на популарноста“ по 19-ти пат
„Златна бубамара на популарноста“ по 19-ти пат

 

 

Во  третата недела од февруари, традиционално, по 19-ти  пат ќе се оддржи спектакуларното доделување на наградите на најпопуларните уметници од Македонија и екс југословенските простори.

Наградите ќе бидат доделени по список  и редослед  кој е прочистен и потврден од  музичко забавната комисија на Радио Бубамара, со дозвола за увид два дена по денот на настанот, во рамки на оддложената ТВ снимка со среќни ПИМ мерки.

Добрата забава и хумор  се потреба во секое нормално хумано опшество и тоа барем  еден ден во годината, а додека  го чекаме тој убав ден во февруари, ви препорачуваме да продолжите да ќутите по дома и да дишете загаден воздух надевајќи се дека повторно ќе ве огрее „Ново сонце на слободата“, се вели во официјалното соопштение за манифестацијата.

Како можен датум за одржување се посочува 18 февруари.