„Златна мачка“ за краткиот филм „Борба за смрт“

Публиката одлично реагираше на филмот. Она што ги плени е едноставноста на приказната, хуморот, но и апсурдноста на самата ситуација со која се поистоветуваат гледачите од различни земји и култури, изјави продуцентот на филмот Гоце Кралевски, кој ја прими наградата во Измир.

133439706

Се работи за парадоксална драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село. Филмот се  снимаше минатото лето во мариовското село Кален. Досега е прикажан на дваесетина фестивали низ светот, а е селектиран и во официјална конкуренција на уште три – во Шпанија, Колумбија и во Индија.

Главните улоги ги играат актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Филмот е снимен во продукција на „ДНФ филмс“ и поддржан од Агенција за филм на РМ и од „Канал 5“.