Златниот глобус на Мерилин Монро продаден за рекордни 250.000 долари

Наградата Златен глобус која и’ била врачена на легендарната актерка Мерилин Монро е продаден за рекордни 250.000 американски долари на наддавање на аукциската куќа Julien на Беверли Хилс.

Статуетката од 1961 година, награда за омилената светска филмска актерка која ја доделува Здружението на филмските странски новинари акредитирани во Холивуд, влезе во историјата како најскапиот Златен глобус продаден на аукција.

Црниот двосет „ Ford Thunderbird“, од 1956 година, исто така, во сопственост на Мерилин Монро, првпат беше понуден на аукцијата во саботата, а постигнал цена од 490.000 долари.

Овој автомобил е познат по тоа што Монро е фотографирана како го вози со тогашниот сопруг, славниот драмски писател Артур Молер, набрзо по нивната венчавка во 1956 година.

Култната дива го поседувала возилото шест години непосредно пред нејзината се’ уште мистериозна смрт во 1962 година. Тогаш му го подарила на синот на својот учител по глума Ли Страсберг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.