Златото може да биде следна цел на ЕУ санкциите против Русија

Челниците на Европската унија се подготвени да го задржат притисокот со санкции врз Русија поради војната во Украина на самитот кој ќе се одржи кон крајот на седмицата, а како евентуална следна мерка против Москва се размислува за златото, се наведува во нацрт-документот во кој увид имала агенцијата Reuters.

Европската унија донесе шест пакети санкции против Русија и Белорусија од почетокот на борбените дејствија во Украина на крајот од февруари, но неколку сектори, вклучително и гасниот, остануваат главно несанкционирани бидејќи владите на земјите членки на ЕУ внимателно да ги избегнат казнените мерки коишто можат уште повеќе да им наштетат на нивните национални економии, отколку на руската.

Иако во моментов не се подготвува нов пакет антируски санкции, во Брисел продолжуваат со идентификување на секторите кои можат да бидат засегнати од нив, рекле за Reuters неименувани извори запознаени со разговорите. Златото е една од можните следни мерки на ЕУ, потврдиле соговорниците.

На состанокот зад затворени врати на амбасадорите на земјите членки на ЕУ минатата седмица, Данска сугерирала дека следните санкции би можеле да се однесуваат на златото, меѓу другите гранки, според портпаролот на данскиот амбасадор во Унијата.

Лице запознаена со работата над санкциите изјавил за Reuters дека Европската комисија работи на додавање на златото во евентуалниот следен круг санкции, иако сѐ уште не е јасно дали мерката може да го забрани извозот во Русија, увозот во земјата или и двете.

Во информацијата за документот датиран од 20-ти јуни се забележува дека во претходната верзија на документот не се спомнувала натамошна работа на санкциите, но оти новата верзија директно се однесува на седмиот пакет санкции на ЕУ, како што барала Германија.

Кон крајот на март, поради западните санкции бреа замрзнати околу 300 од вкупно 640 милијарди долари вредни руски резерви на злато и девизи. Руската централна банка соопшти дека има резерви од уште 132 милијарди долари во јуани и злато.

Подоцна во вторникот во Москва беше објавено дека руското министерство за финансии предложило создавање државни резерви од благородни метали и камења наменети за мобилизирана на земјата, но беше отфрлено оцената дека тоа значи подготовки за воена состојба во Руската Федерација, туку дека целта е обезбедување финансиска стабилност.

„Во денешниот свет мораме да бидеме подготвени на сѐ и секогаш, вклучително и во однос на осигурувањето на нашата финансиска стабилност“, изјавил за агенцијата РИА, сенаторот Иван Абрамов, од Комисијата за економија при Советот на федерацијата, горниот дом на рускиот парламент.

Истакнал дека Русија мора да биде подготвена за сценарио што нејзините „партнери“ можат да ѝ го „испорачаат“, вклучително и за финансискиот сектор. Абрамов додал дека создавањето ткн „мобилизациски резерви“ на благородни метали значи само превентива за финансиската стабилност на земјата.

Швајцарија го обновила увозот на злато од Русија

Истовремено во вторникот деловната агенција Bloomberg објави дека Швајцарија во мај веќе го обновила увозот на злато од Русија, првпат по почетокот на украинската војна, според објавата на швајцарската Федерална царинска управа.

Според овие податоци, во мај Швајцарија од Русија увезла 3 тони благородни метали, што претставува 2 отсто од вкупниот обем на златото што го увезува земјата.

Од декември 2021 до февруари 2022 година, Русија испорачала речиси 10 тони злато во Швајцарија. Само во февруари оваа земја увезла 121 тон злато во вредност од 6,6 милијарди швајцарски франци или 6,8 милијарди американски долари.

Во меѓувреме, Кина и Индија станаа најголеми купувачи на швајцарско злато, чијашто чистота е регулирана со закон. Швајцарските капацитети за преработка на благородните метали задоволуваат околу две третини од светската побарувачка на рафинирано злато.