Змејкова: И да оди фирмата во стечај ќе мора да плаќа породилно

Здравствениот систем во Р.Македонија изминативе неколку години континуирано се реформира во насока на подобрување и унапредување на здравјето на граѓаните. За таа цел Фондот за здравствено осигурување воведе низа новости, со кои осигурениците добиваат поквалитетни услуги а истовремено заштедуваат време.

За дел од новитетите спроведени од страна на Фондот за здравствено осигурување, како што се проектот за превентивни прегледи кај матичните лекари и измените во исплатата на надоместоците за боледувања и породилните отсуства Курир разговараше со директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова.

Една од новините на ФЗОМ кои беа воведени оваа година е Проектот за превентивни прегледи кај матичните лекари. Колку овој проект допринесе за рано откривање на болести кај пациентите и какви се досегашните статистики?

2parnardzieva500

– Ова е многу сериозен и голем проект којшто го спроведуваме и се уште тече, заедно со матичните лекари. Го дефиниравме пред една година а почна со реализација од јануари 2014 и ќе се спроведува и целата 2015 година. Концептот на овој проект по примерот на најсовремените здравствени системи е да се грижиме не само за болните, туку за здравјето на целата популација и токму затоа и носи наслов превенција, односно скрининг на здравјето на целата наша популација. Со матичните лекари се договоривме во текот на две години нивните пациенти односно осигуреници, станува збор за возраст на популација од 14 години па нагоре, да ги прегледаат сите свои пацинети од аспект на трите хронични заболувања – кардиоваскуларни, бубрежни и дијабетесот. Она што е битно за овој проект да успее е и самите граѓани да сфатат дека овој бесплатен преглед и грижа од страна на Фондот и на матичните лекари е навистина за нивно добро и потребо е да дојдат на поканите на докторите за преглед. Матичниот доктор врз основа на едни ризик фактори за здравјето, сосотојбата, тежината, висината, генетиката на секој пацинет, утврдува со лабараториска крвна анализа и анализа на урина, дали секој осигуреник, дури и тој што се чувствува одлично во моментот, има одреден ризик фактори за некои од овие заболувања. Неодамна ги промовиравме податоци, ние како држава за жал немаме статистика во делот на овие три заболувања коишто се најдоминантни и најчести, и најсериозно ќе бидеме фокусирани на тој сегмент во иднина бидејќи податоците се навистина поразителни. Она што матичните лекари ни презентираа е дека 30 проценти од испитаниците, за шест месеци беа прегледани една четвртина од таргетираната популација, односно 325.000 осигуреници. Од нив 100.000 осигуреници се веќе дефинирани или дијагностицирани како хронично-кардиоваскуларни пациенти. Исто така има 20 отсто коишто имаат дијабетес и помал процент со бубрежни заболувања, тоа се веќе пацинети на терапија коишто претрпеле одредени заболувања и понатаму треба да се следи нивната состојба, да ги почитуваат насоките на лекарите, и најбитно од се терба да водат здрав живот односно да се грижат и за физичката активност и за начинот на којшто се исхрануваат. Она што посебно беше фокус е тоа колку од оние што се чувствуваат одлично дали има некој со посериосни ризици и тука исто така излегоа сериозни бројки коишто покажуваат дека 55.000 граѓани од оние 325.000 лица имаат одредени високи ризици за кардиоваскуларни заболувања, 45.000 за дијабатес и помалку за бубрежните заболувања. Тие пацинети не одат веднаш на терапија, туку благодарение на матичните лекари и благодарение на активноста на Фондот практично им е предочен ризикот и имаат можност доколку навистина сериозно се грижат за своето здравје, внимаваат на исхраната и на физичката активност, да го пролонгираат периодот до моментот на почнување на медикаментозна терапија или пак започнување до дијализа и понатаму спречување на компликациите. Имаме веќе статистика и тоа е добро, иако статистиката не е за пофалба, сепак врз основа на овие податоци, следниот чекор од страна на Фондот е да ги презентира истите на Комитетот за здравје, којшто функционира под Владата на РМ за да се дефинираат следни здравствени политики поврзани со овие податоци, но она што е најважно за Фондот и за матичните лекари е дека самите осигуреници сега имаат информација за своето здравје и како да се грижат подобро за истото. Во таа насока проектот продолжува да се спроведува до крајот на идната година и ги поканувам сите осигуреници коишто добиваат покани од матичните лекари да го сфатат тоа како исклучителна можност да си направат скрининг на своето здравје и да ги посетат матичните лекари.

Рековте дека проектот траа две години – до крајот на идната 2015 година матичните лекари на адреса на сите свои пациенти ќе испраќаат покани за превентивен прегледи. Што доколу некој од пацинетите не се појави на истиот?

– Ние се надеваме дека сите ќе сфатат дека ова е за нивно добро, а не за добро на матичните лекари и на Фондот, ако не го осети тоа самиот осигуреник, оставаме на совесноста и одговорноста на популацијата да дојдат и превентивно да се прегледаат.

Најголем интерес кај граѓаните предизвикаа измените во исплатата на надоместоците за боледувања и породилните отсуства. Проектот предвидува побрза исплата на надоместоците како и полесни процедури за пријавување за породилно отсуство. Која е улогата на фондот и од кога ќе започне да се реализира проектот?

1parnardzieva500

– Неодамна Владата го дефинира правецот во кој ќе се развива, а проектот секако има за цел надоместоците што ги исплатува Фондот за боледување и за породилно отсуство да бидат редовни, континуирани и со што е можно помалку задоцнувања, споредено со платите на осигурениците кои навремено преку фирмите ги одбиваат овие трошоци. Во таа насока Владата го избра третиот модел којшто пртпоставува Фондот и понатаму директно да ги исплатува надоместоците до осигурениците коишто се на боледување или на породилно отсуство, меѓутоа во позадина има сет на неколку сериосни мерки коишто ќе значат забразување на процесот, меѓутоа и надминување на одредени неправди или нелогичности во системот коишто постоеле пред се заради одредени законски решенија. Би се фокусирала на законските решенија иако пакетот мерки кои ги планираме и се надеваме дека во целост ќе почнат да функционираат од март 2015 година, за неколку месеци отакко законите ќе се донесат на Собрание, меѓутоа покрај законските мерки се претпоставува дека ќе се направат и одредени административни олеснувања, пред се од аспек на документите и полесна и побрза достава на документите за отварарање на породилно отуство и боледување до Фондот од фирмата, болницата или самиот осигуреник. Третиот сегмент на овој проект претставува електронска достава на овие барања, а не до подрачните служби од страна на осигуреникот, матичниот лекар и фирмата како што беше вообичаената пракса до сега до нашиот веб-портал, што навистина ќе заштеди многу време, меѓутоа и ќе елеминира бројни ризици кои досега ги чувствуваме во делот на самиот процес. До сега ненавременото доставување на барањата од страна на фирмите, ненавремено исплатување на придонесите од страна на фирмите или ненавремено докомплетирање на документите од страна на осигуреникот, беа едни од главните прични зошто Фондот немжеше веднаш да го обработи предметот а потоа континуирано да го исплатува. Она што е клучно во проектот освен административно и електронско олеснување во целиот процес се неправдите и нелогичностите кои што ги споменав и кои се предмет на законски измени во моментот се следните: Ние во праксата имавме поплаки од осигуренички, односно од родители кои се на продилно отсуство дека не можат да си го остварат правото на надоместоци бидејќи нивната фирма во меѓувреме престанала да плаќа придоенси, односно имала ликвидоносни пробелми или отишла во стечај. Тоа е бидејќи законското решение претпоставува дека иако вработениот во моментот кога му треба надоместок од страна на Фондот и треба да го оствари тоа право бидејчи е болен или е на породилно отсуство, сепак беше услов дали фирмата ги плаќа придонесите за останатите вработени и дали го прави тоа навремено, се додека не го плаќа се дотогаш Фондот не смееше да го исплати надоместокот на осигуреникот за тој месец. Сега таа измени, односно врска меѓу фирмата и осигурениците чиишто надоместоци ќе ги плаќа фондот ќе биде раскината, односно единствен услов за овие лица ќе биде во мометот кога имаат потреба од ова право, се разболуваат или го започнуваат породилното отсуство, ние ќе провериме дали фирмата во изминатиот период ги плаќала придонесите а тоа е шест месеци согласно регулативата. Доколку ги плаќала од тој момент па натаму се додека лицето е на породилно отсуство или на боледување, Фондот воопшто нема да ја проверува судбината на фирмата, таа може да оди дури и во стечај, а сепак Фондот преку законот ќе гарантира дека осигуреникот ќе си ги добива редовно секој месец исплатите се додека трае породилното отсуство, односно боледувањето. Втора сериозна измена или пристап се прави во делот на лицата кои што се на породилно отсуство, значи втората мерка е само за породилните надоместоци, а тоа се однесува на родителите коишто имаат договор на определено време и во моментот кога го започнуваат породилното отсуство го исполнуваат условот Фондот да им ги надоместува тие средства, бидејќи шест месеци наназад работеле. Додека трае периодот на породилното отсуство без разлика дали договорот на определено време ќе биде пркинат и нема да биде продолжен, односно самото лице ќе биде одјавено во Агенцијата за вработување, лицето ќе има загарантирани девет месеци на исплата на породилното од страна на фондот. Тоа до сега не е така бидејќи ние согалсно законот мораме да почитуваме доколку лицето е одјавено во АВРМ, автоматски да го прекинеме правото што му следува од страна на Фондот за здравствено осигурување. Значи во овој втор сегмент исто така ќе има законска измена со којашто на овие лица кои претходно работеле на определено време и ги плаќале надоместоците ќе им следува породилно отсуство, без разлика дали тие веќе имаат нови договори или нема да имаат договори со фирмата. Трет пакет на мерки кои ни дојдоа како барање од самите Стопански комори е сегментот на навремено доставување на барањето од страна на фирмите, бидејчи видовме дека голем број од фирмите ненавремено ги дотавуваат барањата и потоа ние имаме проблем во обработка на истите, самите тие предложија да има законско решение во одреден рок да мораат да ги достават барањата, а доколку не ги достават, да бидат санкционирани. Не верувам дека некоја фирма ќе биде санкционирана меѓутоа штом во законот ќе се дефинираат роковите самите фирми многу по брзо ќе реагираат на барањата на своите осугуреници и пред се условот на Фондот за да можат да го исполнат.

Еден од новите проекти на ФЗОМ е и „Електронски потврди за редовни студенти“со кој значително се скратени процедурите за здравствено осигурување на студентите. Какви беа процедурите до сега и кои се придобивките за студентите од овој проект?

– Ова е доста важен проекти бидејќи е таргетиран кон младата популација која е фокусирана на учењето, а ретко на обврските кои произлегуваат од Законот. Досега студентите секогаш кога го запишуваа семестарот имаа обрвска да достават потврда до Фондот дека се редовни студенти. Врз основа на таа потврда за тој период, ФЗОМ согласно законот дозволуваше студентите да имаат здравствено осигурување преку нивните родители. Ние во пракса се среќававме со проблеми, бидејќи самите студенти ја забораваа оваа обврска или ненавремено ја доставуваа, а ние практично во ноември требаше да ги избришеме сите оние кои не доставиле. Кога ќе им требаше здравсвено осигурување, дури тогаш сфаќаа дека заборавиле да ја достават потврдата, па и болни доаѓаа во подрачните служни да ја достават потврдата за да добијат здравствено осигурување. Тоа видовме дека не е добро, ниту за осигурениците, а претставува и административен проблем за Фондот. Ние како Фонд инициравме еден проект кој го започнавме во јуни оваа година и го реализиравме успешно во ноември бидејќи склучивме договор со сите факултети и универзитети. Она што пријатно не изненади како Фонд е респонзивноста од страна на сите фкултети без разлика дали се приватни или државни. Идејта со тој договор што го склучивме е електронско доставување на сите нивни редовни студенти на почеток на семестарот, секој семестар, врз основа на кој податок Фондот автоматски континуирано ќе им овозможи на студентите здравствено осигурување без никаква потреба тие да дојдат во Фондот, да достават потврди, без потоа да има проблеми за матичните лекари и за болниците. Ние со сите склучивме договор меѓутоа како прв семестар одредени фаултети не можеа технички да се подготват, бидејќи имаше одредени електронски поврзувања. Осумдесет проценти од студентите веќе електронски ги имаме како база во Фондот и го следиме нивниот статус на студирање благодарение на ажурноста на факултетите. Она што е ветување од страна на останатите факултети е дека на почеток на следниот семестар и тие ќе се прилагодат, за да кажеме дека од следниот семестар натаму треба оваа обврска студентите да си ја заборават, а останува на Фондот по службена должност да ги следи статусите на студентите. Повеќе информации за ова студентите можат да најдат на веб страницата на Фондот – http://www.fzo.org.mk/default-mk.asp.