Змијанац: Политичките манекени наводно се борат против загадувањето

Драги Змијанац, директорот на Првата детска амбасада во Македонија „Меѓаши“ во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија, обвини дека власта маршираше на улиците заедно со граѓанскиот сектор и потпишаа платформи за борба против загадувањето, но сега откако дојдоа на власт имаме политички манекени кои не само што не ги решија проблемите, туку истите проблеми продолжија и уште полошо.

Вели дека ова не е било кое еколошко прашање, туку е прашање на живот, со кое се прекршува елементарно детско право, правото на живот, правилен раст и развој и здравје на детето.

По анализата којашто е направена од страна на Детската амбасада „Меѓаши“ колку парламентот минатата година како законодавен дом се занимавал со правата на децата и здравјето на децата, дојдено е до поразителни податоци, тој вели пратениците се занимавале со сѐ, но најмалку со здравјето на децата.

Практично законодавниот дом не ја исполнил својата функција кога станува збор за здравјето на децата, чија што функција ја има меѓу другото, заклучува змијанац.

Додаде дека живееме во канцерогено општество, Скопје, Битола, Гостивар, Кавадарци, Тетово се современи гасни комори, како и дека поради тоа што животот на децата е доведен во прашање и несериозноста на политичарите во Македонија, па Детската амбасада решила да го мобилизира меѓународниот фактор и упатиле писмо до сите членки на Комитетот за правата на детето, со цел тие да извршат притисок заради тоа што правото на живот на детето во Македонија е доведено во прашање.

Истакна дека граѓаните, но и децата како најранлива категорија, го губат животот, имаат респираторни проблеми има предвремени раѓања и сето тоа како последица на загадениот воздух е доста алармантно и загрижувачки.

„Власта е нема и глува кога дозволува канцерогени честички како ПМ 10 и ПМ2 честички да не трујат скоро цела зима, вели Змијанац.

Вели, исто така, дека ги охрабрува вештаците да излезат во пресрет на обработка на материјали кои ќе бидат од помош за подготовката на тужбата која планираат да ја покренат кон Градот Скопје и кон Владата. Изрази надеж дека одреден дел од децата кои страдаат од штетните честички ќе добијат обештетување и апелираше граѓаните во Македонија да се активираат и да не молчат за овој проблем кој не засега сите.

Змијанац истакна дека ќе ги радикализираат блокадите и протестите доколу не добијат одговор на одредени прашања како прашањето што се гори во Дрисла.