Знаат ли лекарите во нашето здравство кои се нивните должности?

Фејсбук објава на Анита Димовска:

„Министре, знаат ли докторите во нашето здравство кои се нивните должности и има ли глоба за нив?
7 часа чекање во ковид тријажен центар на 8-ми септември, ургентен пациент со абдоминални болки кои во меѓувреме го тестираа и излезе негативен. 2 часа чекање абдоминален хирург за кого ургираше цела армија од персоналот и не се симна пошто “морал да доручкува разбираш”. Гледавме преморен персонал кој трча на сите страни и кој се извинува за вакви примери како Дане Неделковски кој е грдата сликата на нашето здравство.
Кој на крајот не ни дојде да го види пациентот, но на наша среќа има светли примери меѓу докторите па успешно ургентно е опериран.
Прашувам има ли глоба за вакви доктори кои не почитуваат пациенти? Истите тие пациенти од кои земаат плата?, го прашува Венко Филипче, Анита Димовска.