Значајни откритија во трка за Нобеловата награда за хемија

(AP Photo/Fernando Vergara, FILE)

Во средата ќе биде објавен лауератот, или најмногу тројца, на Нобеловата награда за 2020 година во областа на хемијата според одлуката на Нобеловиот комитет про Кралската академија на наукоти во Стокхолм.

Големото глобално признание се доделува вообичаено на автори чии трудови биле рецензирани во реномирани научни списанија. Откритието мора да биде значајно и универзално признаено од светската научна заедница, па оттаму наградата за хемија почесто ја добиваат експериментаторите отколку теоретичарите, кои се наградувани само за признато објаснување на познат феномен, често заедно со експериментаторот кој ја потврдил теоријата.

Минатата 2019 година признанието им припадна на Американецот Џон Гудинаф, Британецот Стенли Витингем и на Јапонецот Акире Јошино „за развој на литиум-јонската батерија“. „Оваа лесна и моќна батерија на полнење сега се користи во сѐ: од мобилни телефони до лаптопи и електрични возила,. Таа, исто така, може да складира значителни количества енергија од сонцето и ветерот, што овозможува да се создаде општество без фосилни горива“, стоеше во образложението на одлуката.

Лани 97-годишниот Гудинаф така стана највозрасниот лауреат во историјата на Нобеловата награда.

 

Кој ќе ја добие наградата

Според процените на американската компанија „Clarivate Analytics“ која од 2002 година врши предвидувања на можните лауреати врз основа на бројноста на цитатите на научните трудови, иако имињата на номинираните и оние кои ги номинираат ќе бидат познати на јавноста дури по 50 години, фаворити се јужнокорејскиот научник Хјун Таек Хванг од Националниот универзитет во Сеул, Американците Кристофер Мареј од Универзитетот Пенсилванија и Мунџи Навенди од Технолошкиот инститит на Масачусетс (MIT).

Хјун откри нов начин на создавање нанокристали на преодните метали, кои може да се користат, на пример, во медицината како контрасно средство за МНР. Мареј работеше на подобрување на својствата на нанокристалите, вклучително и на зголемување на нивната спроводливост, а Бавенди е специјализрани за квантните точки – микроскопски полупроводници со посебни спектроскопскио својства.

Како претендент за наградата, исто така, се споменуваат и Американеците Стивен Бихвалд од Технолошкиот институт на Масачусетс (MIT) и Џон Хартвиг од Универзитетот Калифорнија. Нивните имиња ги исфрла во преден план реакцијата наречена Бухвалд-Хартвиг – метод за синтетизирање на природните материи од делот на алкалоидите.

На листата на компанијата е и Макато Фуџита, специјалист по супермолекурална хемија на комплексните соединенија од Токискиот универзитет.

Во шведските медиуми тамошната научна јавност и годинава типува дека наградата за хемија може да им биде доделена на Французинката Еманиел Шерпентие и на Американката Џенифед Дудна за откривањето на системот CRISPR-Cas9. Оваа студија од областа на генетскиот инженеринг понекогаш се нарекува „ножици за ДНК, кои го поправаат гените“. Системот може да биде користен за уредувње на гените кај животните и луѓето, на пример, за отстранување на вирусот ХИВ од зразените Т-лимфоцити, при лекување на дијабетес, леукемија, шизофренија.

Швеѓаните како можен лауреат го споменуват и Лерој Худ од Институтот за системска биологија во Сиетл за продонес во развоот на методоата за синтеза и секвенционирање на ДНК, што овозможуваат декодирање на човековиот геном.

 

Номинација на кандидатите

До крајот на септември канидадите за наградата се номинираат од членови на Шведската кралска академија на науките и Нобеловиот комитет, лауреати на наградата, како и од професори од универзитетите во нордиските земји.

До последниот момент никој, освен членовите на соодветните комитети по области, не ги знае имињата на научниците номинирани за наградата. Седумдесет и пет години сите детали за одлуките на Нобеловите комитети се чуваа во најстрога тајност, а дури од 1974 година Нобеловата фондација објави дека само архивите за последните 50 години ќе останат затворени. Така, сега веб-страницата на Нобеловата фондација ги објави списоците од кои може да се дознае за претендентите на наградата и за тоа кој ги предложил за периодот од 1901 до 1969 година.

Од 1901 година наградата за хемија била доделувана 111 пат, и со неа се закитиле 184 личности. Од различни причини, најчесто во периодите на Светските војни, научниците од оваа научна област не ја добивале наградата во следните години: 1916, 1917, 1924, 1933, и од 1940 до 1942 година. Најмладиот добитник на наградата за хемија е Французинот Фредерик Жолио Кири кој во 1935 година имал 35 години и кој заедно со сопругата Ирен Жолио-Кири го добил признанието „за синтезата на нови радиоактивни елементи“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.