Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата, магистер по сликарство е добитник на наградата „Златна плакета за освоено прво место” на конкурсот кој беше распишан од страна на Институтот за култура и уметност при Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ со наслов „Перото – инспирација за уметничката четка“
Конкурсот е поддржан од Министерство за култура, како проект од национален интерес за 2021 година.
Скромноста ги краси големите луѓе па така и Арсовски е еден од таквите современи визуелени уметници кој инспирација добива од секојдневниот живот, широкиот дијапазон и контакт со луѓето, случувањата поврзани со природата и вселената, преточени во уметнички дела.
На конкурсот пристигнаа преку 300 дела а стручното жири имаше тешка задача за избор на наградите. Сите пристигнатите дела учествуваа на изложба која ја отвори Проф. Д-р Соња Ризоска Јовановска, директорот на Институтот за култура и уметност.