Знаци кои откриваат дека имате секс со вистинската личност

Покрај меѓусебната доверба, сексот е можеби најважниот фактор кој ја одржува врската помеѓу партнерите цврста и возбудлива. Заради тоа, креветот е територијата која открива многу работи во врска со тоа дали се гледате со вистинската личност или со погрешна.

Дури и сексот да ви е одличен, сепак може да постојат одредени показатели дека не сте компатибилни еден со друг.

Дали кога сте покрај него се чувстувате самоуверено во сопствената кожа? Дали без проблем можете да му кажете што не ви се допаѓа во сексот?

Ви откриваме 9 знаци кои покажуваат дека спиете со вистинската личност:

1. Знаете дека тој го сака вашето тело и се чувствувате самоуверено кога сте со него.

2. Не чувствувате страв дека ќе ги исмее вашите желби, туку напротив, знаете дека ќе се потруди да ги исполни.

3. Вашата сексуална комуникација е одлична, па без проблем можете да му кажете што ви се допаѓа или што не сакате да прави.

4. И двајцата сакате да испробувате нови работи.

5. Не се чувствувате глупаво и смешно правејќи одредени работи во креветот, бидејќи имате целосна доверба во него.

6. На ниту еден од вас не му претставува проблем оралниот секс.

7. Оргазмот не изостанува никогаш.

8. И двајцата сакате да се галите по сексот.

9. Воопшто не ви е страв кога ќе помислите дека тој можеби ви е последниот со кој ќе спиете во животот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.