Знаци кои покажуваат дека љубовната врска ги уништува вашите пријателства

Понекогаш е многу тешко да се направи рамнотежа меѓу љубовната врска и останатите врски во вашиот живот, како семејните или пријателските односи. Според љубовните терапевти, тоа е навистина тешко да се направи.

На почетокот од врската нормално е повеќе време да му посветувате на партнерот, но доколку станува збор за долгогодишна врска која го троши вашето слободно време и енергија, не оставајќи простор за пријателства, време е малку да застанете и да се запрашате како да направите баланс.

Психотерапевтката Андреа Вачер за Huffington Post одделува неколку знаци кои укажуваат дека  пријателствата ви се помалку битни во животот кога станува збор за вашиот однос со партнерот.

1. Често ги откажувате плановите со пријателите за да минете време со партнерот

2. Дознавате новости за пријателите од нивните објави на социјалните мрежи

3. Кога сте со пријателите постојано зборувате за вашата нова врска

4. Дури и кога не зборувате за врската постојано мислите за тоа и не го следите разговорот

5. Вашиот партнер се обидува да ве увери дека не минувате време со пријателите или семејството

6. Вашиот партнер е љубоморен на врската што ја имате со пријателите

Овие знаци говорат дека нешто не е во ред со вашата врска, бидејќи не е нормално партнерот да се обидува да ве изолира од семејството и пријателите. Тоа е знак дека тој е манипулатор кој вешто може да ве увери дека всушност вие сакате да го прекинете односот со семејството.

Многумина мислат дека е нормално партнерот да биде љубоморен на пријателите. Но, не е така, на секој му е потребен пријател, колега, соработник, истомисленик. Доколку вашиот партнер е љубоморен на луѓето со кои сте опкружени тоа може да биде знак дека сака да ве контролира во иднина.

Кога сте со пријателите разговарајте за новата врска, но не треба тоа да биде единствената тема на разговор. Редовно прашувајте што се случува во нивните животи како и за другите аспекти од секојдневието.