Сексуалната монотонија не прашува кога ќе затропа на врата, а многу често се појавува пред да станеме свесни за тоа. Тогаш исчезнуваат незадоволството, депресијата и лошото расположение кои се пресликуваат на сите животни полиња. Не велат за џабе дека квалитетниот секс е еден од основните темели на убавиот живот.
Ова се знаци кои укажуваат дека е време да го оживеете својот сексуален живот за конечно да се насмеете:
Не паметите кога последен пат сте воделе љубов надвор од креветот.
Бојата на косата ја менувате почесто од секс позите.
Играчките за секс се идеален подарок за пријателките и за родендени или други случувања.
Предиграта трае колку и барањето кондом.
Шлаг, овошје и слична храна е резервирана само за фрижидер.
Вашата најсексапилна техника на заведување е соблекување на градник.
Сексот на брзина постана норма.
Синоќа речиси започнaвте со акција, но беше студено за да се соблечете, а и на телевизијата имаше одличен филм.
Нема шанса да го наместите алармот половина час порано поради утрински секс.
Не се сеќавате кога последен пат се впуштивте во играта самозадоволување.