Џихадисти веат знаме на ИД во Германија. Оваа фотографија за брзо време се прошири низ социјалните медиуми.
„Конзерватив пост“ тврди дека фотографијата е од Германија, додека полицијата се обидувала да ги смири имигрантите.
Весникот пишува дека фактот што не треба да се игнорира е тоа што Сирија потврди дека повеќе од 4.000 напаѓачи на Исламската држава веќе биле шверцувани во западноевропските земји.
Тие многу лесно се „маскираат“ помеѓу обичните бегалци, кои бегаат токму од нив и бараат подобар живот во Европа. Постои уверување дека ИД активно шверцува свои луѓе преку границата со Турција кон европските земји.