Знамето на Македонија свечено ќе биде подигнато во Брисел и Норфолк за добредојде во НАТО

Церемонија на подигнување на знамето на Македонија ќе се одржи попладнево во седиштето на НАТО во Брисел, со што ќе се означи пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи симултано во исто време во седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

Свеченото подигнување на знамето предвидено е да се одржи во 15 часот, на кое е предвидено кусо обраќање  на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претставник на Делегацијата на Северна Македонија во НАТО.

Настанот во седиштето на НАТО ќе биде емитуван во живо на веб страницата на НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.