Знамиња на половина копје – Нови Сад тагува за Балашевиќ

Денот на погребот на големиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ќе биде прогласен за Ден на жалост во Нови Сад, пишуваат регионалните медиуми.

Во знак на жалост, светлата на Градското собрание во Нови Сад беа исклучени.

Вечерва во овој град знамињата беа спуштени на половина копје.

Во Нови Сад, обожаватели, пријатели и соседи се собраа пред куќата и на плоштадот Слобода за да се збогуваат со Балашевиќ.