Жоао Феликс во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра

Младата португалска фудбалска ѕвезда, 19-годишниот Жоао Феликс ги напушти редовите на Бенфика и за 126 милиони евра ќе ја продолжи кариерата во мадридски Атлетико.

Воедно, станува збор за најголемиот трансфер во историјата на Атлетико. Досега „Јорганџиите“ најмногу платија за францускиот играч од средниот ред Томас Лемар, кој од Монако дојде во јуни 2018 година за 72 милиони евра.

Голем интерес за Феликс пројавија и многу англиски клубови, но понудата на „Лос Колчонерос“ беше најголема/

Феликс во Атлетикот доаѓа на местото на Французинот Антоан Гризман кој по пет години го напушта клубот. Младиот Португалец сезонава постигна 20 голови и додаде 11 асистенции за Бенфика, која ја освои титулата португалски првак и дојде до четвртфиналето во Лига Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.