
Руската женска репрезентација победи во штафетата 4х5 километри на Олимпијадата во Пекинг.
Во составот на Русија беа Јулија Ступак, Наталија Непрјаева, Татјана Сорина и Викторија Степанова.
Победничките патеката ја мина за 53:41.0 минути.
За Русија ова беше трето злато на Зимските олимписки игри во Кина.
Германија го освои сребрениот медал со 18,2 секунди побавно време. Бронзата и припадна на Шведска, која доцнеше зад руската штафета 20,7 секунди.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.