Зоки Кичеец примен на Кардиологија

257

Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец од вчера попладне е пациент на Кардиологија, дознава 24 инфо.

Кичеец заедно со Боки 13 се двајцата првообвинети во аферата „Рекет“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката, а друштво му прават неколкумина припадници на МВР.

-Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија, пренеува телевизијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.