Жолтата боја е моден хит ова лето

CANNES, FRANCE - MAY 15: Eva Longoria is seen during the 72nd annual Cannes Film Festival on May 15, 2019 in Cannes, France. (Photo by Arnold Jerocki/GC Images)

Кога Меланија Трамп го потврдува тоа, тогаш знаете дека сте на вистинскиот пат.

Со цел нешто да се прогласи како моден тренд, обично е потребно најмалку три дизајнери да извадат одреден модел, крој, детали или во овој случај – боја.

За сезоната пролет-лето 2019, бојата што доминира на пистите на модните недели во светските метрополи беше жолтата, и тоа многу жолта! Смело? Доволно е само едно парче во оваа боја, за целиот изглед да стане впечатлив.

Сепак, дизајнерите отидоа чекор понатаму и препорачаа да носиме жолто од глава до пети. Во облик на комбинезони, фустани, комбинации на панталони и сакоа… За што и да се определите, нема да згрешите.

Неодамна овие комбинации беа промовирани од Меланија Трамп и Ева Лонгорија, уште истиот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.