„Жолтите елеци“ го принудија Макрон на нов договор со нацијата

Во писмо до Французите, Макрон наведува дека „големата национална дебата”, нема да биде „ниту избор, ниту референдум“.

Францускиот претседател Емануел Макрон и предлага „нов договор“ на нацијата за излез од кризата со протестите на „жолтите елеци“, во предвечерјето на националната дебата за ова прашање што официјално ќе започне утре и ќе трае до 15 март.

Во писмо до Французите, Макрон наведува дека „големата национална дебата”, нема да биде „ниту избор, ниту референдум“.

Вашите предлози ќе овозможат да се изгради „нов договор“ на нацијата, за да се утврди акцијата на владата и парламентот, но и позициите на Франција на европско и меѓународно ниво  им вети Макрон на Французите.

Макрон наведува дека за него „нема забранети прашања“ и нема да се согласиме на сè.