„Жолтите елеци“ подготвени за нови масовни протести

Првите „жолти елеџи“ во Париз веќе започнаа да ја окупираат Шанс-Елизе, за најавените масовни протести во цела Франција.

Претходниот пат тука бевме поради даноците, сега заради институциите, бидејќи бараме поголема непосредна демократија, изјави еден од насобраните демонстранти.

Шест лица во Париз се веќе уапсени во пресрет на протестот, информираат француските медиуми.

Во главниот град се мобилизирани повеќе од 8 илјади припадници на безбедносните сили, а вкупно 69 илјади на ниво на Франција. Простестите против покачувањето на цените на горивата започнаа на 17 ноември, а веќе секоја сабота прераснуваат во насилна борба меѓу полицијата и демонстрантите во поголемите француски градови. Оваа криза се очекува да влијае и на економскиот раст на земјата, кој и онака не бележеше значителен подем.