Зонско паркирање почнува и во Карпош

ЈП „Градски паркинг“- Скопје известува дека е започнато воведување на зонско паркирање на територија на општина Карпош.

-Новата јавна површина за паркирање- зона Д42, е лоцирана кај МИДА (ул. Орце Николов). Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои 2 се наменети за лица со попреченост. Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја користат услугата паркирање по цена од 0 ден, за две возила, а час паркирање чини 25 ден, информираат од претпријатието.

Работното време на паркинг зоната е: од понеделник- сабота од 07:00-23:00ч., а недела и државни празници се неработни т.е. нема се врши на наплата за услугата паркирање.

Корисниците на зона Д42 ќе може да ги достават своите барања во нашата нова канцеларија, започнувајќи од вторник, 07.11.2023.

Работното време на Канцеларија Карпош, која се наоѓа на ул. „Дрезденска“, бр.15/3, е секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота од 09:00- 17:00 часот. Недела и државни празници се неработни.

Од претпријатието апелираат корисниците навремено и уредно да извршат наплата за услугата паркирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.