Зоран Ѓорѓиев избран за нов Генерален Директор на ЈП Македонски Шуми

На предлог на Владата на Република Македонија, во текот на вчерашниот ден, Управниот Одбор, едногласно го избра Зоран Ѓорѓиев за нов Генерален Директор на ЈП Македонски Шуми, соопшти општинската организација на СДСМ од Кавадарци.
Во ЈП Македонски Шуми Ѓоргиев работи повеќе од дваесет години.

Од 2013 година па до денес, Ѓорѓиев е претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци.