Зоран Милески-Кичеец од денеска во затвор за „Рекет“

Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот „Рекет” кој призна вина и доби затворска казна од три години за ТВ 24, потврди дека денеска ќе се пријави во затвор.

– Ќе се јавам на издржување на казната, барање за одлагање не сум поднел – вели Кичеец за ТВ 24.

Судија за извршување санкции одлучи 12 октомври, денеска, да биде неговиот термин за сам да се јави во затворското оделение во Шутка.